Zakon za donacii i sponzorstva vo javnite dejnosti

Zakon za donacii i sponzorstva vo javnite dejnosti

Анкетно прашање

Дали досега сте ги искористиле придобивките од Законот за донации и спонзорства?
 

Присутни

Имаме 16 гости на оваа страница

Водич за примена на законот за донации и спонзорства во јавните дејности

Новости

Измени на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности
Во јули 2008г., Собранието на Република Македонија донесе Закон за изменување на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности (Службен весник на Р. Македонија бр. 86/08 од 14 јули 2008г). Измените се однесуваат на глава V од Законот, поточно оваа глава наместо Казнените одредби се преименува како Прекршочни одредби. 
 
Донесен нов Правилник за спроведување на даночните поттикнувања кај ДДВ за донации во јавни дејности
На 10 јуни 2008г, Министерството за финансии донесе нов Правилник со кој се уредува постапката за ползување на даночните поттикнување кај Данокот на додадена вредност-ДДВ,  предвидени со Законот за донации и спонзорства во јавни дејности.
Прочитај повеќе...
 
Почетна
За законот за донации и спонзорства
На 05 април 2006г, Собранието на РМ го донесе Законот за донации и спонзорства во јавните дејности („Службен весник на РМ’’ бр. 47/06). Истиот започна да се применува од 01 јануари 2007г. Со донесувањето на овој закон се воспостави правната основа за посистематска поддршка на граѓанските здруженија и други институции од страна на претпријатија и индивидуалци при спроведување на активности од јавнен интерс.

Со овој закон предвидени се одредени даночни олеснувања за давателите и примателите на донации и спонзорства со што претставува поттик за поголеми филантропски активности во општество.

Со Законот за донации и спонзорства предвидени се даночни поттикнувања кај следниве даноци:

  •    персоналниот данок на доход;
  •    данокот на добивка;
  •    данокот на додадена вредност;
  •    данокот на наследство и подарок и
  •    даноците на имот.     

Со донесувањето на овој закон Република Македонија се вброи во големата група земји во Европа кои предвидуваат даночни поттикнувања за донации и спонзорства за решавање  на одредени проблеми кои се од јавен интерес со цел да придонесе за подобрување на личниот и заедничкиот живот на граѓаните и нивната економска благосостојба и социјална правда.

 
ОДЛУЧЕТЕ САМИ НА КОГО МУ ТРЕБА ВАШИОТ ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК!?
Дали знаете дека можете да го намалите вашиот персонален данок на доход во висина од 20 % од вкупниот даночен долг, но не повеќе од 24.000 денари на годишно ниво?

Тие средства може да ги донирате на граѓанска организација, јавна установа, општина, орган на управа, согласно одредбите на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности.
Прочитај повеќе...
 
Одржана обука за Стратешко планирање на корпоративна филантропија за претпријатијата во РM
На 30 јуни 2008г, Центарот за институционален развој-ЦИРа организираше обука за Стратешко планирање на корпоративна филантропија. На обуката присуствуваа 8 претставници од деловниот сектор во Р. Македонија.

Прочитај повеќе...
 
Одржана работилница за примена на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности за претставници
На 26 јуни 2008г, Центарот за институционален развој ЦИРа организираше работилница за примена на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности за претставници од државни институции. На работилницата присуствуваа 20 претставници од државни инситуции кои директно се инволвирани во процесот на спроведување на законот.

Прочитај повеќе...
 
Одржани четири работилници за примена на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности
Центарот за институционален развој-ЦИРа за претставниците од деловниот сектор одржа четири Работилници за примена на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности.

Прочитај повеќе...
 
 
www.zdsjd.org.mk