Zakon za donacii i sponzorstva vo javnite dejnosti

Zakon za donacii i sponzorstva vo javnite dejnosti

Анкетно прашање

Дали досега сте ги искористиле придобивките од Законот за донации и спонзорства?
 

Водич за примена на законот за донации и спонзорства во јавните дејности

Почетна arrow Новости
Одржана обука за Стратешко планирање на корпоративна филантропија за претпријатијата во РM Испечати Е-пошта
На 30 јуни 2008г, Центарот за институционален развој-ЦИРа организираше обука за Стратешко планирање на корпоративна филантропија. На обуката присуствуваа 8 претставници од деловниот сектор во Р. Македонија.

Прочитај повеќе...
 
ОДЛУЧЕТЕ САМИ НА КОГО МУ ТРЕБА ВАШИОТ ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК!? Испечати Е-пошта
Дали знаете дека можете да го намалите вашиот персонален данок на доход во висина од 20 % од вкупниот даночен долг, но не повеќе од 24.000 денари на годишно ниво?

Тие средства може да ги донирате на граѓанска организација, јавна установа, општина, орган на управа, согласно одредбите на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности.
Прочитај повеќе...
 
За законот за донации и спонзорства Испечати Е-пошта
На 05 април 2006г, Собранието на РМ го донесе Законот за донации и спонзорства во јавните дејности („Службен весник на РМ’’ бр. 47/06). Истиот започна да се применува од 01 јануари 2007г. Со донесувањето на овој закон се воспостави правната основа за посистематска поддршка на граѓанските здруженија и други институции од страна на претпријатија и индивидуалци при спроведување на активности од јавнен интерс.

Со овој закон предвидени се одредени даночни олеснувања за давателите и примателите на донации и спонзорства со што претставува поттик за поголеми филантропски активности во општество.

Со Законот за донации и спонзорства предвидени се даночни поттикнувања кај следниве даноци:

  •    персоналниот данок на доход;
  •    данокот на добивка;
  •    данокот на додадена вредност;
  •    данокот на наследство и подарок и
  •    даноците на имот.     

Со донесувањето на овој закон Република Македонија се вброи во големата група земји во Европа кои предвидуваат даночни поттикнувања за донации и спонзорства за решавање  на одредени проблеми кои се од јавен интерес со цел да придонесе за подобрување на личниот и заедничкиот живот на граѓаните и нивната економска благосостојба и социјална правда.

 
Покана за учество на Работилница за примена на Законот за донации спонзорства во јавни дејности Испечати Е-пошта
 
Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на еднодневната Работилница за примена на  Законот за донации и спонзорства во јавни дејности, која ќе се одржи на 26 јуни 2008г (четврток), хотел Континентал, сала Континантал Клуб, со почеток во 10:00 часот.
Прочитај повеќе...
 
Одржани четири работилници за примена на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности Испечати Е-пошта
Центарот за институционален развој-ЦИРа за претставниците од деловниот сектор одржа четири Работилници за примена на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности.

Прочитај повеќе...
 
 
www.zdsjd.org.mk