За ползување на даночните поттикнувања предвидени со Законот за донации и спонзорства како приматели на донациите/спозорствата треба да се јават исклучиво правни лица (здруженија на граѓани, единиците на локалната самоуправа и др.), кои спроведуваат активности од јавен интерес согласно добиеното Решение од Министерството за правда за потврда на јавниот интерес.
Во случај кога како приматели на донации/спонзорства се јавуваат физички лица, даночните поттикнувања предвидени со законот неможат да се ползуваат.
Примателите на донациите/спонзорствата при спроведувањето на активностите можат да ги користат даночните поттикнувања предвидени кај Данокот на додадена вредност, преку обезбедување на средства од буџетот на РМ за плаќање на ДДВ.
|