|
Одржани четири работилници за примена на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности |
|
|
|
Центарот за институционален развој-ЦИРа за претставниците од деловниот сектор одржа четири Работилници за примена на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности.
На работилниците, вкупно 70 претставници од 47
претпријатија во Македонија имаа можност да се запознаат со процедурите
за користење на даночните поттикнувања предвидени со законот, како и да
се запознаат со практични примери за пресметка на даночните
ослободувања кај данокот на добивка во случај на реализирана финансиска
или материјална донација и/или спонзорство, како и со даночните
поттикнувања кај персоналниот данок, ДДВ и даноците на имот.
Работилниците беа организирани од страна на Центарот за институционален
развој-ЦИРа во соработка со Стопанската Комора на Македонија , а
финансиски беа поддржани од Британската Амбасада.
|