|
Донесен нов Правилник за спроведување на даночните поттикнувања кај ДДВ за донации во јавни дејности |
|
|
|
На 10 јуни 2008г, Министерството за финансии донесе нов Правилник со кој се уредува постапката за ползување на даночните поттикнување кај Данокот на додадена вредност-ДДВ, предвидени со Законот за донации и спонзорства во јавни дејности.
Наместо претходно утврдената постапка, според која Секторот за
евроинтеграции беше задолжен за регистрација на проектите поддржани
преку домашни донации, како услов за користење на даночните
поттикнувања кај ДДВ, со новиот Правилник Министерството за финансии е
државниот орган надлежен за целосно спроведување на овие даночни
поттикнувања.
Со овој Правилник не е предвидено регистрирање на проектите поддржани
преку домашни донатори, туку за ползување на даночните поттикнувања
предвидени кај ДДВ потребно е да се достави поднесок до Министерството
за финансии пропратен со следниве документи:
-
Барање за обезбедување средства од Буџетот на Република Македонија
за плаќање на данокот на додадена вредност за прометот на добра и
услуги во земјата финансиран со парични средства од донациите во
јавните дејности, кое се поднесува на образец А3-Д и се доставува во
два примерока;
-
Фактура во оригинал за извршениот промет од вршителот на прометот,
во која треба да се внесе бројот и датумот на решението донесено од
Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес на
донацијата и името на примателот на донацијата, а износот на данокот на
додадена вредност да е искажан во денари;
-
Копија од решението донесено од Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес на донацијата; и
-
Копија од договорот за донацијата помеѓу давателот и примателот на донацијата.
Прилог:
|