|
ОДЛУЧЕТЕ САМИ НА КОГО МУ ТРЕБА ВАШИОТ ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК!? |
|
|
|
Дали знаете дека можете да го намалите вашиот персонален данок на доход во висина од 20 % од вкупниот даночен долг, но не повеќе од 24.000 денари на годишно ниво?
Тие средства може да ги донирате на граѓанска организација, јавна установа, општина, орган на управа, согласно одредбите на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности.
Примери за пресметка за даночно ослободување кај
персонален данок
|
Доколку имате годишен персонален данок од
100.000 мкд, можете да донирате износ до 20.000 мкд (20% од вкупниот даночен
долг 100.000 мкд). Доколку донирате 10.000 мкд, за толку ќе може да го
намалите плаќањето на персонал.ниот данок.
Доколку имате годишен персонален данок од
140.000 мкд, можете да донирате до 24.000 мкд (иако 20% од вкупниот даночен
долг е 28.000 мкд, се применува вториот услов, не повеќе од 24.000 мкд на год.
ниво) |
ЦИРа е организација која го иницираше донесувањето на Законот за донации во 2005 година, а кој беше донесен во април 2006 година. Во изминатиот период ја информиравме јавноста и го следевме и помагавме спроведувањето на овој закон. ЦИРа активно работи на промоција на филантропијата и практиките на локално донирање во Македонија веќе 5 години, а персоналот на ЦИРа секојдневно работи со многу граѓани и компании кои донираат средства за решавање на проблеми во нивната заедница.
ЦИРа може да ви помогне во реализацијата на процедурата пред државните органи за добивање на даночно ослободување од персоналниот данок на доход.
Јавете се во ЦИРа на 02-3114855 или испрате e-mail на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Лице за контакт: Ленче Ѓеорѓиевска, Соработник за развој на филантропија
|