|
ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОНАЦИИ И
СПОНЗОРСТВАТА ВО ЈАВНИТЕ ДЕЈНОСТИ
Службен весник на Р. Македонија бр.86/08 од 14.07.2008 година
Член 1
Во Законот за донации и за спонзорствата во јавните
дејности (“Службен весник на Република Македонија” бр.47/2006) насловот на
глава V. “КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ” се менува и гласи: V.
“ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ”.
Член 2
Во членот
23 став 1 зборовите:”Со парична казна од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни
за прекршок”, се заменуваат со зборовите “Глоба во износ од 1.000 до 5.000 евра
во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на”.
Во ставот
2 зборовите:”Со парична казна од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни и” се
заменуваат со зборовите “Глоба во износ од 1.000 до 5.000 евра во денарска
противвредност ќе се изрече на“.
Во ставот 3 зборовите:”парична казна од 10.000 до 50.000 денари ќе се казни” се
заменуваат со зборовите: “Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска
противвредност ќе се изрече на“.
Член 3
Во членот
24 став 1 зборовите: “Со парична казна од 50.000 до 300.000
денари ќе се казни” се заменуваат со зборовите: “Глоба во износ од 1.000 до
5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече “
Во ставот 2 зборовите “со парична казна од 10.000 до 50.000 денари ќе се казни”
се заменуваат со зборовите: “глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска
противвредност ќе се изрече на“.
Член 4
Во членот
25 став 1 зборовите: ”Со парична казна од 50.000 до 300.000
денари ќе се казни” се заменуваат со зборовите: “Глоба во износ од 1.000 до
5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече“.
Во ставот 2 зборовите: “со парична казна од 10.000 до 50.000 денари ќе се
казни” се заменуваат со зборовите: “Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во
денарска противвредност ќе се изрече на“.
Член 5
Во членот
26 зборовите: ”Со парична казна од 10.000 до 50.000 денари ќе се казни” се
заменуваат со зборовите: “Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска
противвредност ќе се изрече на“.
Член 6
Овој закон
влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на
Република Македонија”.
|